сабота, 28. март 2020. Вести денес: 76
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Фестивал на диви смокви во Валандово

Фестивал на диви смокви во Валандово

Во Валандово денеска ќе се одржи фестивалот на диви смокви „Еко росалес“. Гостите ќе можат во живо да видат како се подготвува слатко од диви смокви, да дегустираат, но и да разменат рецепти и искуства.

Поставен ќе биде и мини саем за презентација и дегустација на други македонски традиционални производи од мали производители.

За културно-уметничката програма се задолжени Детскиот фолклорен ансамбл при Домот на културата, „Распеани валандовчани“ и „Бед опсешн“.

Фестивалот ќе го отвори Наќо Кимов, лидер на Слоу фуд Валандово, а најавено е и обраќање на градоначалникот Перо Костадинов.