петок, 4. декември 2020. Вести денес: 13
home Општини

ЕВН ги исклучува гевгеличани што не платиле сметки за струја

ЕВН ги исклучува гевгеличани што не платиле сметки за струја

Екипа на корисничко енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија деновиве спроведува акција за исклучување на нередовните плаќачи од електричната мрежа.

Од КЕЦ Гевгелија денеска информираа дека се работи за околу стотина нередовни потрошувачи од кои дел се исклучуваат далечински преку новите броила, а дел од бандерите преку кои е извршен нивниот приклучок.

Членови од екипата која оди на терен велат дека тие не знаат за колку неплатени сметки ги исклучуваат корисниците од електричната мрежа и ги советуваат тоа да го сторат во службените простории на ЕВН во Гевгелија,каде повеќе нема наплатни шалтери, но од таму ги упатуваат граѓаните како и каде да се раздолжат за повторно да бидат вклучени во електричната мрежа.

Дел од веќе исклучените граѓани беа затечени откако синоќа останале во мрак мислејќи дека се работи за дефект и денеска со сметките во раце чекаа во ред на поштенските шалтери во градот да ги намират долговите и да побараат повторно приклучување во електричната мрежа.

Коронавирус