понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Општини

Едукативна трибина за пчеларите од Крива Паланка

Едукативна трибина за пчеларите од Крива Паланка

Во големата сала на Општина Крива Паланка синоќа се одржа едукативна трибина на тема „Двоматично пчеларење со Дадан Блат кошници и контролирано роење со помош на звуци” на која предавање одржа Андреа Андреев, пчелар со повеќедецениско искуство.

– Нашите членови, пчелари од Крива Паланка и Ранковце имаат можност низ серијата работилници и трибини на различни теми да осознаат нови методи и техники за подобрување и унапредување на пчеларењето, зголемување на приносите, добро одгледување на пчелните семејства и економски исплатливо пчеларење. Синоќа Андреев говореше за пчеларење со две матици и контрола на природното роење со помош на звуци. Изминатата недела Ванчо Петковски одржа предавање за подготовка на галенски препарати за сузбивање на болести кај пчелите и принципи за високи приноси на мед. Искусни пчелари, практичари, несебично го пренесуваат своето долгогодишно искуство на присутните пчелари, изјави Милош Славковиќ од здружението на пчелари “Пчела”, Крива Паланка.

Со предавањата продолжува реализацијата на проектот„Активности за промоција на пчеларскиот сектор“, финансиран од буџетот на Општина Крива Паланка, како поддршка на проекти на здруженија на граѓани за 2019 година.

Парламентарни избори 2020