среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 76
home Општини

Едногодишно ослободување од плаќање комунални сметки за социјалните случаи од Кавадарци

Едногодишно ослободување од плаќање комунални сметки за социјалните случаи од Кавадарци

Социјалните случаи од Кавадарци, се ослободуваат од плаќање на сметки за комунални услуги, за период од една година, одлучи Советот на општината. Ослободувањето се однесува на сметки за користење на вода за пиење, собирање и транспорт на смет и други комунални услуги.

-Ослободувањето е за периодот од 1 април минатата година, до 1 април годинава. Субвенционирањето е на товар на локалната самоуправа, појаснуваат од Јавното претпријатие „Комуналец”.

Оттаму додаваат дека под социјално загрозени семејства се подразбираат оние кои исполнуваат услови за социјална парична помош, постојана парична помош, паричен надоместок за помош и нега на друго лице, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, додаток за глувост, парична помош на самохран родител кој има дете со пречки во развојот и додаток за слепило и мобилност.

Надзор врз спроведувањето на оваа одлука, ќе врши Комисијата за финансии и буџет при општината.