четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 240
home Општини

Еден смртен случај и еден новозаболен од коронавирус во Прилеп

Еден смртен случај и еден новозаболен од коронавирус во Прилеп

Во Прилеп денеска е регистриран еден новозаболен од коронавирусот, а едно лице почина, на 84-годишна возраст.

Според прилепскиот Центар за јавно здравје двајца пациенти оздравеле од заразната болест. Моментално се 28 активни случаи.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани пет лица позитивни на коронавирусот.

Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а поради неносење заштитни маски, на 15 граѓани им се изречени прекршочни казни.

Парламентарни избори 2020