недела, 20. септември 2020. Вести денес: 82
home Општини

ДЗС од Крива Паланка со предупредување за превенција од пожари

ДЗС од Крива Паланка со предупредување за превенција од пожари

Поради преземање неодпходни мерки за намалување на опасноста од настанување шумски и други пожари на отворен простор, од Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување, Крива Паланка посочија неколку мерки за претпазливост, со предупредување.

Од ПЕ на ДЗС посочуваат да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат догорчиња од цигари на отворено.

-Овие предупредувања се изрекуваат сoгласно Законот за заштита и спасување и согласно Законот за шуми, со цел превземање мерки и активности за превентивно делување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во наредниoт период. Целта е да се заштити општото добро, шумскиoт фонд, но и луѓето и нивните имоти, истакна Зоки Павловски, раководител на ПЕ на ДЗС, Крива Паланка.

Апелира до граѓаните доколку забележат пожар на отворен простор, согласно нивната граѓанска должност да го пријават најбрзо што можат до надлежните институции.

-Од брзината на дојавата, содржината, прецизноста на информациите и нивната точност зависи и исходот, односно, услехот на акцијата за гасење на пожарот, поради што повикуваме сите граѓани кои ќе забележат пожар, истиoт прво да го пријават на бесплатниот број 193 во Територијална противпожарна единица, Крива Паланка, на 195, во Центар за управување со кризи, во нашето подрачно одделение или во Полициска станица, додава Павловски.

Граѓанската одговорност подразбира и активно вклучување во помош во гасење на пожарите.

Коронавирус