вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 169
home Општини

Двојно поскапува паркингот во Охрид?

Двојно поскапува паркингот во Охрид?

Охриѓани и гостите доколку сакаат да се паркираат на потегот од поштата до кружниот тек на градскиот плоштад ќе плаќаат двојно поскапо од досега.

Имено. по предлог на градоначалникот Константин Георгиески и ЈП „Билјанини извори“, советниците на седницата закажана за понеделник ќе одлучуваат по точката цената на паркинот од поштата до кружниот тек на плоштадот да се зголеми на 100 денари за еден час.

Имајќи во предвид дека мнозинството во советот го има СДСМ и коалицијата повеќе од јасно е дека оваа одлука ќе биде донесена.

ИЗВОР: ОХРИД 24