четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 46
home Општини

Дванаесет лица во самоизолација во Малешевијата

Дванаесет лица во самоизолација во Малешевијата

Пехчево и Берово се меѓу општините кои се уште му одолеваат на коронавирусот. Ова, според епидемиологот Сузана Каракашева, се должи на свеста на граѓаните за задолжителното почитување на мерките и препораките на Владата и Министертстворо за здравство. Во моментов, од сите 12 лица кои се наоѓаат во самозиолација во Пехчево и Берово, ниту еден нема симптоми на КОВИД-19.

-Во самоизолација во Пехчево моментално има едно лице, додека 11 лица се во самоизолација во Берово. Сите се во добра здравствена состојба без симптоми на болеста. Апелирам и понатаму на почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, со што ќе останеме на листата на општини каде не е регистрано присуство на вирусот, истакна Каракашева.

Пехчево е релативно и град со најсовесни жители кога станува збор за почитување на полицискиот час. Како што информираа од пехчевската полиција, не е поднесена ниту една кривична пријава за прекршување на забраната за движење.

-Во однос на прекршувањето на полицискиот час во општина Пехчево немаме казнети или пријавени лица. Што се однесува до општина Берово, досега поднесени се осум кривични пријави, информираа од полициската служба.

Покрај Пехчево и Берово, меѓу градовите на Истокот од земјава без случаи со коронавирус се и Делчево и Македонска Каменица. Во самоизолација во овие две општини се 17 лица.

Коронавирус