Уште двајца пациенти починаа на инфективното одделение во Битола. Според информациите од клиничката болница починатите се на возраст од 44 и 72 години и двајцата биле во тешка здравствена состојба, јавува Тера телевизија.
Исто така имале хронични заболувања.
Денеска бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното одделение во Битоле е 70.