понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Двајца новозаразени од Прилеп, вкупно 208 лица од овој град се позитивни на коронавирус

Двајца новозаразени од Прилеп, вкупно 208 лица од овој град се позитивни на коронавирус

Во општина Прилеп денеска има петмина оздравени и двајца новозаболени од КОВИД-19.

Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 208 лица позитивни на коронавирус, од кои 53 се активни.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески” хоспитализирани се 15 лица. Од нив 13 се позитивни на коронавирус, а заради потешка клиничка слика двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка.

Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти. Едниот од нив е негативен на коронавирус, а на другиот му е земен брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 85 лица.

Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

Коронавирус