среда, 24. април 2019. Вести денес: 0
home Општини

Драма во штипскиот затвор: Затвореници забарикадирани се закануваат со самоповредување (ВИДЕО)

Драма во штипскиот затвор: Затвореници забарикадирани се закануваат со самоповредување (ВИДЕО)

Петмина затвореници во моментов се забарикадирале во штипскиот затвор и се жалат на нерамноправен третман со другите затвореници.

Имено, како што дознава ТВ Стар, кај нив биле пронајдени мобилни телефони, што е спротивно на правилата на затворот, заради што им се одземени.

Но, петемина затвореници се жалат дека мобилни имаат и други затвореници, и дека тие се привилигирани и ги користат за разлика од нив.

Затворската управа преговара во моментов со нив. Тие се закануваат дека ќе се самоповредат бидејќи кај себе имаат вилушки од приборот за храна.

Ова е линк од преносот од затворот на ФБ: