среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Општини

Дождот создаде „улична река“ во Тетово – тротоарите полни со вода

Дождот создаде „улична река“ во Тетово – тротоарите полни со вода

Два-три дена постојано врнење дожд ги принудија тетовци да облечат позимски обувки и да се заштитат од наводенување на нозете со оглед дека на голем дел од улиците и тротарите се формираа поголеми „бари“ со вода кои го отежнувааат движењето.

Дождот што речиси непрекинато паѓа од неделата навечер е причина проблеми во поминувањето да прави и на одредени коловозни ленти од улиците и булеварите. За возилата најтешко во вакви случаи за движење е по булеварот „Благоја Тоска“, во пределот кај касарната.

Таму редовно се собира поголема количина вода во дождовите, па потребна е максимална внимателност при управување со возило, со цел да не се оштетат моторите. Исто така и поминувањето пешки на овој дел, како и други „црни точки“ како кај пазарот, улицата „29 ноември“, во Горна Чаршија, околу спортскиот центар и други пред се помали улици.