четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

„Доста е со притисоци и блокади“: Протест во Гостивар поради одземените надлежности на Таравари од МОН

- Тоа го прават за да ме прикажат како неспосеобен и да го блокираат функционирањето на општината која ја водам. Зошто не ги одземаат ингеренциите на други градоначалници кои презеле слични чекори, како во случајот со Рамиз Мерко во Струга, рече Таравари и најави дека протестите ќе продолжат во наредните денови со блокирање на улици и патишта низ гостиварската општина.
„Доста е со притисоци и блокади“: Протест во Гостивар поради одземените надлежности на Таравари од МОН

Гостиварскиот огранокот на Алијансата за Aлбанците одржа протестен собир пред зградата на Oпштина Гостивар поради решението на Министерството за образование и наука со кое на градоначалникот му се одземени надлежностите за именување и разрешување директори на општински основни и средни училишта.

Учесниците на протестот со транспаранти испишани на албански јазик дојдоа пред седиштето на општината за, како што беше речено, да му изразат поддршка на градоналаникот Арбен Таравари во справувањето со „ДУИ-зацијата на образовните институции“.

– Доста е со притисоци и блокади. Бараме враќање на ингеренциите на градоначалникот кој е избран во демократска процедура. Ако го прекршил законот, ги повикуваме судските органи да донесат одлука, а не тоа да го прави институција како МОН. Бараме вистински реформи во сите сфери на животот, а не празни зборови, рече на протестот Халил Снопче, член на централното претседателтово на Алијансата за Албанците.

Според него, премиерот Зоран Заев не ги остварил дадените ветувања за деполитизација на институциите и на овој начин, рече, тој ја поддржува ДУИ и луѓето кои имаат само лични интереси.

Градоначалникот Таравари се обрати на собирот и се заблагодари на поддршката, нагласувајќи дека одлуката на МОН е политички реваншизам на владеачката коалиција

– Тоа го прават за да ме прикажат како неспосеобен и да го блокираат функционирањето на општината која ја водам. Зошто не ги одземаат ингеренциите на други градоначалници кои презеле слични чекори, како во случајот со Рамиз Мерко во Струга, рече Таравари и најави дека протестите ќе продолжат во наредните денови со блокирање на улици и патишта низ гостиварската општина.

Министерството за образование и наука минатата недела го спроведе решението на второстепената комисија, со кое се укнати именувањата на директори во неколку општински училишта во Гостивар кои ги назначи градоначалникот Таравари. Оваа реакција на МОН следува откако пред еден месец на градоначалникот му беа одземени надлежностите за именување и разрешување директори на општински основни и средни училишта.

Од МОН појаснуваат дека наскоро сменетите директори треба да се вратат на претходните работните места. Вршењето на овие надлежности го презема Министерството за образование и наука во траење од девет месеци.

Гостиварскиот градоначалник непосредно по преземањето на функцијата, назначи нови раководители во седум училишта. По ова следуваа реакции во јавноста, најмногу од редовите на ДУИ. (МИА)

Коронавирус