На инвалидизираните лица од Кавадарци денес им беше донирано комбе-возило за извршување на нивни работи.
Донацијата на градоначалникот Митко Јанчев му ја врачи германскиот анбасадор во РМ Томас Герберих.
Денеска на лица попречени во движењето им беше донирано комбе- возило кое ќе го користат инвалидизираните лица во Општината Кавадарци, рече градоначалчнкикот Митко Јанчев кој имаше средба со амбасадорот на СРГ во Р.Македонија.
Ангажиран е и возач, а Општината ќе ги поднесе сите трошоци за одржување на возилото. Ќе може да се користи со претходно закажување за нивни секојдневни потреби.
Во присуство на Михајло Михајлов-претседател на Здружението на телесни инвалиди „Мобилност„, донацијата ја врачи германскиот амбасадор.