сабота, 17. август 2019. Вести денес: 41
home Општини

Донев: Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?

Донев: Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?

Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес се одржа прес-конференција на која говореше претседателот на Општинскиот комитет, Сашо Донев.

„Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите.

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажа уште со ребалансот кога имавме драстични кратење на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски.

Да биде трагедијата поголема од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители.

Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?

Зарем мораше од фирма која и без тоа има најмногу вратен долг годинава?

Не чувствувате барем ни малку срам затоа што санитарните јазли во училиштата се во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат?

Зарем не Ви беше доволно враќањето милиони, па сега моравте да скратите и од најмладите во образованието и детската заштита?

Додека превозните услуги се зголемија за цели два милиони денари во основно образование, од предвидените капитални расходи во основно образование се скратија неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари.

Локалната власт и градоначалникот Георгиески ги ставаат бизнис интересите над грижата за најмладите.“ – истакна Донев.