понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 206
home Општини

Донев: Во време на тешка криза, Георгиески ги расфрла парите на граѓаните за анкети

Донев: Во време на тешка криза, Георгиески ги расфрла парите на граѓаните за анкети

Во време на тешка криза, рецесија, чаршија и угостители пред клуч и пропаст, градоначалникот ги расфрла парите на граѓаните за анкета, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид Сашо Донев.

Анкета спроведена од партиското анкетарче син на Ѓорги Спасов кој си мези анкетчиња низ голем број органи низ државата, па ни Општина Охрид да не е исклучок нели?

Во време на тешка криза спроведуват анкета на 2000 испитаници иако примерокот за анкети најчесто е 1000, но мора некако да се оправда тезгата од 900.000 денари фрлени во вода.

Анкетата е на теми за кои медиумите и граѓаните зборуваат и апелираат секојдневно со години наназад, а одговорите и врапчињата ги знаат.

Анкетата ќе помине, парите ќе се потрошат и нормално ништо не ќе се спроведе. Тие забелешки на УНЕСКО не спроведуваат и правосилни решенија за рушење, не па незадолжителни статистики од анкета…, пишува Донев во својата Фејсбук објава.

Коронавирус