среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 132
home Општини

Донев: СДСМ веќе 15 години ја управува Општина Струмица и затоа одговорно и сериозно работење значи и прифаќање на грешките и оставки

Донев: СДСМ веќе 15 години ја управува Општина Струмица и затоа одговорно и сериозно работење значи и прифаќање на грешките и оставки

Пред неколку денови ВМРО –  ДПМНЕ реагираше заради склучен договор на јавното претпријатие Комуналец од Струмица со приватна фирма. Јавноста беше запрепастена, милион и двесте илјади евра ќе плати Комуналец на приватна фирма за чистење на смет, ова денеска преку прес-конференција за јавноста го истакна Александар Донев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица.

-Непосредно потоа, ВМРО –  ДПМНЕ го повика Градоначалникот Јаневски на одговорност и – договорот беше раскинат. Со несмасни потези, со цел брзо да се амнестира од одговорност актуелната локална власт пред јавноста отвори редица прашања: Дали Градоначалникот Јаневски побарал одговорност, на пример од потписникот на договорот? Каква е таа неодговорна управа на јавно претпријатие која може да потпише штетен договор кој подоцна е раскинат со интервенција на Градоначалникот? Ако не се огласеше Опозицијата, што ќе ни се случеше? Понатаму,  дали постојат други штетни договори за кои јавноста не знае?, прашува Донев.

Тој додава дека особено, ако се има предвид дека тендерите во Струмица често завршуват во фирми на блиски роднини на функционери, или пак, со години тендери добиват истите фирми.

-Конечно,  дали Градоначалникот на Струмица – Јаневски е последната институција што реагира односно,  дали се преземат мерки од други надлежни локални и државни институции? Почитувани,  Нашата задача добиена од граѓаните како опозиција – ја сфаќаме одговорно. СДСМ веќе 15 години ја управува Општина Струмица и затоа одговорно и сериозно работење значи: прифаќање на грешките и оставки, рече Донев.