сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Општини

Донев: СДСМ ја задолжи општина Охрид за 50 милиони евра

Донев: СДСМ ја задолжи општина Охрид за 50 милиони евра

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев во гостувањето во емисијата „Прашалник“ на ТВМ говореше за долгот на општина Охрид кој го остави поранешниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Александар Петревски.

Донев со јавноста сподели анализа од министерството за финансии која вкупниот долг на општината кој го направил Петревски го пресмета на 50 милиони евра.

-По однос на она што ВМРО-ДПМНЕ го наследи како долг во општината ќе се навратам амлку наназад ќе кажам дека СДСМ наследи долг по доаѓањето на Александар Петревски како градоначалник од 92 милиони денари, односно 1,5 милиони евра. Потоа недостасува долгот за колекторот со што долгот на општината пораснал на 240 милиони денари, односно 4 милиони евра. СДСМ од 2005 до 2013 година од 4 милиони евра направи долг од 33 милиони евра само на општината. Дополнително на јавните претпријатија кој што изнесуваше околу 15 милиони евра или вкупно 50 милиони евра. За ова јас имам соодветен извештај од министерството за финансии, односно по барање на поранешниот градоначалник Бакрачевски и овластување од страна на министерот Ставревски е формирана група на луѓе кои што дојдоа во општина Охрид и направија финансиско истражување, односно анализа колку општината должи. Вие знаете дека како новинари кога ќе го прашавте поранешниот градоначални Александар Петревски колку должи општината ви викаше, 5 милиони, 6 милиони па викаше дека враќа долгови. Буквално ниту денар немаат вратено, односно после извршената анализа од луѓето од министерството за финансии е увидено дека општината должи 2 милијарди и 38 милиони денари, вели Донев.