вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Општини

Донев: На охридските планини има токсичен чад кој ги труе нашите деца, доста е од овие лажговци, време е за промени!

Донев: На охридските планини има токсичен чад кој ги труе нашите деца, доста е од овие лажговци, време е за промени!

Носител на листата на кандидати за членови на советот на општина Охрид на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Сашо Донев на својот официјален Фејсбук профил објави видео од охридски планови каде утринава бил забележан токсичен чад од запалено ѓубре.

Буково, Охрид, денес… Ова е реалноста на охридските планини утрово. Токсичен чад од запалено ѓубре кој ги труе нашите деца. Реалноста не е насмеаниот Коста кој гордо планинари во скапа опрема на рекламниот спот на СДС за локалните избори, стои во неговата Фејсбук објава.

– За доброто и здравјето на сите нас, доста е од овие лажговци, лицемери и неработници! Време е за промени! Време е за проекти! Време е за победи, пишува тој.

Коронавирус