недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Општини

Донев до Георгиевски: На што ги потрошивте парите од граѓаните кога немате еден инфраструктурен проект во Охрид спроведено?

Донев до Георгиевски: На што ги потрошивте парите од граѓаните кога немате еден инфраструктурен проект во Охрид спроведено?

Жестока дебата во студиото на ТВМ помеѓу пртеседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев и градоначалникот на Охрид, Константи Георгиевски. Донев го обвини актуелниот градоначалник од редовите на СДСМ за расипничко работење, напоменувајќи дека градот доживеал градежна експанзија, а со парите од комуналиите не било изграден ниту еден инфраструктурен проект. Не само што тие пари на граѓаните биле потрошени туку Георгиевски дополнително ја задолжил општината, обвинува Донев. -Охрид како град претрпе урбанистичка промена. Значи вие знаете дека во Охрид сите згради и сите објекти се од тоа време изградени.

Може да претпоставиме колку пари се влеле во касата на општина од плаќање на комуналии однсно одобрение за градба. И наместо со тие пари да инвестираме во нова водоводна линија, во нова канализација, во улици и патишта ние сите тие објекти ги приклучивме на старите лини кои што се од пред 30-40 години. Значи не само што не се искористија тие пари за инфракстурни проекти со кои што можевме да оправдаме ио да кажеме да Охрид се изгради, се изградија толку станови меѓутоа Охрид има нова водовна линија, има нова канализација, луѓето не пијат вода од азбесни цефки. Не само што ги потрошија тие пари, туку дополнително ја задолжија општината. Значи тоа е еднакво на расипничко работење, вели Донев.