петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 164
home Општини

Додека училиште нема кров, Владата инвестирала во Фитнес центар во Гостивар

Додека училиште нема кров, Владата инвестирала во Фитнес центар во Гостивар

Владата под притисок на ДУИ, по секоја цена сакаат да нè прикаже нас од Алијанса како дека ништо не знаеме само тие знаат, односно дека нема кој да ги замени. И покрај сите пречки на национално ниво и во Советот, ние како општина Гостивар, уплативме дел од долговите, појасни Таравари во емисијата „Топ Тема“.

Таравари образложи дека ингеренциите како градоначалник во Гостивар му биле одземени,  практично во училиштата имал само ингеренции од два месеци. Од февруари му биле одземени.

Таравари објасни дека имал комплетна блокада во училиштата. Додека директорите должеле пари за струја, тој ги контактирал да ја плати струјата но директорите не дозволувале.

-Кровот на училиштето треба министерството да го санира како дел од капиталните инвестиции. Министерството во Гостивар инвестиции нема. Ние доброволно се собравме одредени луѓе да го санираме кровот и 5-6 пати отидовме до Министерството, но тие не одобрија. Ние доброволно ќе го средиме кровот со донации од луѓе на кои децата им учат таму иако тоа е работа на министерството. А, само да кажам дека во тоа училиште има 1.200 ученици. Единствено централната власт во Гостивар инвестираше во фитнес центар од 35.000 евра. Тоа е целосна инвестиција од централна власт. Друго сето чини 0 денари од инвестиции во Гостивар, потенцираше Таравари.

 

Коронавирус