петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Општини

До ОИК Гевгелија доставени кандидатури за градоначалници и советници

До ОИК Гевгелија доставени кандидатури за градоначалници и советници

Во законскиот рок за пријавување кандидатури за претстојните локални избори доставени се пет пријави за градоначалници и шест за советнички листи, потврдија денеска од ОИК Гевгелија.

Свои кандидати за градоначалници доставиле политичките партии СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Интегра, коалицијата на ЛДП и ДОМ како и еден независен кандидат, а листи со кандидати за членови на Советот доставиле партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Интегра, коалицијата ЛДП и ДОМ, Левица и независна листа на Томе Ќичуков.

Сите поднесени кандидатури ОИК официјално ќе ги потврди на 18 септември при што кандидатите за градоначалници и советничките листи од една партија при ждребувањето ќе добијат исти редни броеви во сите општини.

Коронавирус