сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Општини

„До кога битолчани ќе треба да ја плаќаат неспособноста на Петровска?“

„До кога битолчани ќе треба да ја плаќаат неспособноста на Петровска?“

Веќе неколку пати во периодот кој измина говоревме за неспособноста на Наташа Петровска да го организира законски загарантираниотт процес – превозот на ученици до училиште и назад, но Петровска немаше време и не сакаше да се позанимава со реалните проблеми на граѓаните, порачува Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Откако ние како опозиција алармиравме дека се наоѓаме на само триесеттина дена до почетокот на учебната година, а од превозот ни трага ни глас, градоначалничката Петровска ја фати паника па се разбуди од зимскиот сон во кој се наоѓа скоро година дена и започна со работа. Но како и многу пати до сега така и овој пат, Петровска реагира задоцнето на сите проблеми кои се случуваат во општината па така и за овој проблем. И за жал, на први септември, оваа година ќе бидеме сведоци како голем дел на ученици превозот до училиште ќе треба да го платат од џебот на своите родители. Ја прашуваме градоначалничката Петровска, до кога планира да владее на грбот на граѓаните? До кога ние граѓаните на општина Битола од сопствен џеб ќе ја покриваме и плаќаме  нејзината неспособност и незаинтересираност? Наместо Наташа Петровска да изнаоѓа решенија, таа само создава дополнителни проблеми и институциите под капата на oпштина Битола се блокирани. Деновиве во делот на образованието сме сведоци на исклучување на струјата во голем дел од основните и средните училишта, вели таа.

Трајчевска  вели дека новата учебна година веќе ни е на прагот, а услови таа да започне се уште нема

-Прашуваме дали ова е таа поддршка од централната власт која ја ветуваа и дали ова се тие решенија на проблемите со училиштата со кои се фалеа Петровска и Заев при неговата посета на 11-ти мај оваа година во Битола, праша таа.

Коронавирус