сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Општини

До девет часот во Дебар и Центар Жупа гласале по околу два отсто од гласачите

До девет часот во Дебар и Центар Жупа гласале по околу два отсто од гласачите

Текот на гласањето во општините Дебар и Центар Жупа минува без проблеми, со почтување на протоколите, но со слаб одѕив на гласачи.

-Од вкупно 18.764 избирачи, кои гласаат на 27 избирачки места, до девет часот во нашата општина своето граѓанско право го оствариле 535 граѓани или околу два отсто. Вообичаено поголема излезност очекуваме во попладневните часови, изјави Елмира Бакали, претседателка на Општинската избoрна комисија.

Во општина Центар Жупа излезеноста е речиси идентична како и во Дебар.

-До девет часот гласаа 134 лица или 1,9 отсто од вкупно запишаните 7.061 со право на глас.Изборниот тек се одвиваво најдобар ред и се разбра со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, изјави Еран Зубер, претседател на ОИК за оваа општина.

Процентот на излезност во првите часови на претходните избори вообичаено во двете општини се движел до три отсто.

Коронавирус