среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

До 19:00 часот во Дебар гласале 38, во Центар Жупа 19,9 отсто од вкупниот број гласачи

До 19:00 часот во Дебар гласале 38, во Центар Жупа 19,9 отсто од вкупниот број гласачи

Во општините Дебар и Центар Жупа, кои се дел од петтата изборна единица, до 19:00 часот на вонредните парламентарни избори своето право на глас го искористиле 8.400 од вкупно запишаните 25.825 граѓани.

-Во општина Дебар, каде во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас до 19:00 часот ова право го оствариле 6.995 или 38 отсто. И понатаму изборниот процес минува без проблеми, вели Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија.

И во општна Центар Жупа изборниот ден изминува во најдобар ред.

-Во единствениот избирачки список кај нас запишани се 7.061 граѓанин со право на глас. До 19:00 часот правото го искористиле 1.405 граѓани или 19,9 отсто , вели Еран Зубер, претседател на ОИК за Центар Жупа.

Во изминатите два дена во Дебар правото на глас го искорстија 15 лица во самозолација или болни од Ковид-19 и 28 болни и немоќни лица, додека во општина Центар Жупа четири болни и немоќни лица. (МИА)

Коронавирус