вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

До 15 часот во Гостивар излезноста е 23.57 проценти

До 15 часот во Гостивар излезноста е 23.57 проценти

Според последните податоци на Изборната комисија, до 15 часот во трите општини во гостиварскиот регион на гласање излегле 26.007 граѓани.

Најголем одѕив има во општина Гостивар, каде од вкупниот број 79.945 избирачи, гласачкото право го оствариле 18.841 граѓанин, што е приближна излезност од 23.57 отсто.

Во општина Врапчиште на гласање излегле 5255 граѓани од вкупно запишаните 25.913, со што излезноста  достигна 20,28 отсто.

Во најмалубројната општина – Маврово и Ростуше, која од оваа година е во Петтата изборна единица, на гласање излегле 1911 од вкупно 9996 избирачи што е приближно 19,12 проценти.

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес.

Коронавирус