сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 115
home Општини

До 13 часот во Дебар излезноста 14,5 %, а во Центар Жупа 12%

До 13 часот во Дебар излезноста 14,5 %, а во Центар Жупа 12%

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа тече без проблеми, со зголемен процент на излезност.

-До 13 часот во општина Дебар правото на глас го искористиле 2.781 лице или 14,5 отсто од вкупно запишаните 19.211 во единствениот избрачки список. Во сите 27 избирачки места изборниот ден минува без проблеми а поголема излезност очекуваме во следните попладневи часови, изјави за МИА, Саит Абазоски, од ОИК-Дебар.

Споредено со изборите во 2017 година, кога излезноста во 13 часот била 17,9 таа сега е помала за 3,4 отсто.

Претседателот на ОИК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше за МИА, дека правото на глас до 13 часот го освариле 910 граѓани или 12 отсто. На сите 16 избирачки места гласањето се одвива нормалано.

Споредено со изборите во 2017 годна, кога излезноста во оваа општна била 20 отсто, сега е за осум отсто помала.

Коронавирус