понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 81
home Општини

До 11 часот во Струга гласале речиси седум отсто, а во Вевчани девет отсто

До 11 часот во Струга гласале речиси седум отсто, а во Вевчани девет отсто

Во општина Струга до 11 часот гласале 6,63 отсто од регистрираните гласачи, а во Вевчани речиси девет проценти го оствариле своето уставно право на референдумот, информираат општинските изборни комисии.

Од регистрирани 60.169 лица во Струга, на 101 избирачко место своето гласачко право го оствариле 3.989, додека од 2.038 вевчанци пријавени во Избирачкиот список до 11 часот гласале 180 во трите избирачки места.

Во двете општини, како што соопштија општинските изборни комисии, гласањето се одвива мирно, без никакви нарушувања.

МИА

Коронавирус