понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 163
home Општини

Диви свињи шетаат на пат во Охрид (ФОТО)

Диви свињи шетаат на пат во Охрид (ФОТО)

Диви свињи забележал возач на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан, во близина на Хидробиолошкиот завод, објави порталот Ohridnews.

-Ловџии и упатени во проблематиката, во разговор ни посочија оти не е невообичаено да се забележат диви свињи на ова место во ова време. Со доаѓањето на есента и намалување на зеленилото и храната во планината, овие животни во есен се спуштаат кон Студенчишко блато во потрага за храна, велат тие, пишува порталот.

Што се однесува до популацијата на ова диво животно во регионот, долгогодишниот концесионер на ловиштето во Дебрца истакнува оти таа е намалена, за што сведочи фактот што во ловна сезона ловните друштва не успеваат да уловат ни половина од дозволената квота од околу 80 диви свињи.

Најнови вести

Локални избори 2021