понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Општини

Директорот на ЈП „Водовод“ Охрид за угостителски услуги во 2017, 2018 и за првите три месеци од 2019 потрошил речиси милион денари

Директорот на ЈП „Водовод“ Охрид за угостителски услуги во 2017, 2018 и за првите три месеци од 2019 потрошил речиси милион денари

Владимир Алексијоски, директорот на ЈП „Водовод“ Охрид за угостителски услуги во 2017, во 2018 и првите три месеци од 2019 потрошил речиси 1.000.000 денари, пишува Охрид24.

Во 2017 за угостителски услуги биле потрошени 320.000 денари, во 2018 биле потрошени 453.009 денари, додека само за првите три месеци директорот Алексијоски на угостителски услуги потрошил 180.000 денари.