петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Директорот на болницата во Прилеп до вработените: Не користете многу маски, ШТЕДИМЕ! (ФОТО)

Директорот на болницата во Прилеп до вработените: Не користете многу маски, ШТЕДИМЕ! (ФОТО)

Маски речиси да нема во аптеките, па граѓаните шетаат и бараат за да купат за себе. Ова е навистина голем проблем, но состојбата низ болниците е тоа што навистина најмногу загрижува.

Имено, директорот на болницата во Прилеп, Драги Богојески, ги тера вработените да штедат кога користат маски поради економично работење на болницата.

„Директорот на општата болница „Борка Талески“ во Прилеп ги известува вработените дека поради недостаток на медицински маски и неможноста од нивна набавка на пазарот, како и потребата од економично работење, се задолжуваат сите вработени здравствени работници да штедат при употреба на медицински маски“-пишува во јавно истакнатото соопштение.

Не знаеме дали директорот е запознаен со фактот дека маските штитат одреден временски период кој трае кратко. Нивно долго користење и носење може да направи уште поголем проблем за оној кој ја носи, бидејќи маската тогаш е полна со бактерии, а тие се до устата и носот.

-Доколку се одлучите да ја носите заштитната масла, воздржете се од допирање на маската. Секогаш кога ќе допрете користена маска, измијте ги рацете со вода и сапун, или со алкохол. Исто така, СЗО предупредува дека ако маската се навлажни, таа веќе нема заштитна функција, па затоа е неопходно да се замени со нова, сува маска. Маските за еднократна употреба не треба да се користат постојано и не повеќе од неколку часа, затоа што после тоа време ги губат заштитните својства, се наведува во препораките од Светската здравствена организација.

Прилепскиот директор, на таа функција поставен од власта на СДСМ, изгледа повеќе се грижи да заштеди некој денар, отколку за безбедноста на вработените и пациентите.

Ова е срамен доказ дека не е се под контрола, како што тврдат властите!

 

Коронавирус