вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Општини

Димовски: Од одлуката на 17-ти октомври, зависи дали ќе продоложи иселувањето од Гостивар или конечно младите генерации ќе ја гледаат иднината тука

Димовски: Од одлуката на 17-ти октомври, зависи дали ќе продоложи иселувањето од Гостивар или конечно младите генерации ќе ја гледаат иднината тука

Главна водилка за мене, како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Oбнова за Македонија”, ќе биде реализација, на квалитетна локална политика и програма. Како носител на советничката листа, максимално ќе се заложам, во програмата за реализација на буџетот на општина Гостивар, соодветно место да заземат проектите, утврдени како приоритетни во програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ, рече Гоце Димовски, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.

Како тим, вели Димовски, нудиме одлична програма, во која е утврдена визијата во каков град сакаме да живееме, и која ги опфаќа сите проблеми на гостиварчани, нудејќи соодветни решенија.

– Програмата е усогласена, со програмата на кандидатот за градоначалник Арбен Таравари, подржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија”. Сите ние дишеме ист воздух, пиеме иста вода, јадеме иста храна, споделуваме исти проблеми, па затоа, заеднички ќе изнајдеме и решенија за сите проблеми. Иднината е сега, и на овие избори, секој од нас има можност да одлучи за неа, рече Димовски.

Тој посочи дека целта е Гостивар, да биде град за сите луѓе, уреден и опремен за достоинствен живот, во духот на традиционалните вредности, прекрасно место за живеење, каде што сите ќе си ја планираме нашата иднина и иднината за нашите поколенија.

– Град, во кој ќе се креираат можности за просперитет, во духот на меѓуетничкиот соживот, меѓусебната почит и толеранција. Град, во кој ќе се споделуваат заедничките вредности, без разлика на верската и националната припадност. Овие локални избори, нема да бидат само обични избори. Ова се избори, во кои ќе треба да се одлучи помеѓу перспективата и уназадувањето, помеѓу работниците и неработниците, помеѓу идејата и безидејноста, кажа Димовски.

Димовски порача дека од одлуката на 17-ти октомври, зависи дали ќе продоложи иселувањето или конечно младите генерации ќе ја гледаат иднината тука.

– На 17-ти октомври не избирате господари, туку слуги, слуги кои ќе работат исклучиво во ваш интерес, заклучи Димовски.

Коронавирус