понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 156
home Општини

Димитриевски: Во следните 4 години продолжуваме со вложување во спортот, во јакнење на спортскиот дух и правилен развој на идните генерации

Димитриевски: Во следните 4 години продолжуваме со вложување во спортот, во јакнење на спортскиот дух и правилен развој на идните генерации

Изминатите четири години во Куманово се вложи многу во спортски капацитети, во градење на спортски терени, игралишта. Се вложуваше во
училишниот спорт, се организираа спортски турнири и манифестации. Куманово во 2019 година стана Европски град на спортот за 2019 година.

– Поддршката од спортистите и спортските клубови е дополнителна мотивација за наше Куманово! Во следните 4 години продолжуваме со вложување во спортот и спортските капацитети, ќе го јакнеме спортскиот дух и правилен развој на идните генерации. Кумановци активно практикуваат спорт од 8 до 88 години, затоа Куманово е спортски град во вистинска смисла на зборот, вели независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски.

Бидете на страната на граѓаните, на 31-ви октомври излезете и гласајте за мое, за твое и за наше Куманово.

Сите предвидени проекти кои ќе бидат имплементирани по победата на локалните избори, може да ги погледнете на следната веб-страница:

Коронавирус