среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Димитриевски: Не знам кој Оливер ми е противкандидат

Димитриевски: Не знам кој Оливер ми е противкандидат

Градоначалничкиот кандидат на СДСМ, пак, го обвини досегашниот градоначалник дека уште пред првиот изборен круг се пазарел за гласови со ВМРО-ДПМНЕ и дека глумел како тоа „да го наследил од Тони Михајловски“.

На моменти не знам кој Оливер ми е противкандидат, Илиевски или Спасовски, рече независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашнит дуел, на ТВ 24, со неговиот доскорешен сопартиец, а сега директен противкандидат од СДСМ во вториот круг од локалните избори.

Илиевски, пак,го обвини Димитриевски дека уште пред првиот изборен круг се пазарел за гласови со ВМРО-ДПМНЕ, алудирајќи на статус на социјалните мрежи на вмровскиот кандидат за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, кој не помина најдобро на гласањето на 17 октомври.

На прашање дали би се дистанцирал од ВМРО-ДПМНЕ ако оваа, до скоро противничка партија, реши да му даде поддршка во вториот круг, Димитриевски рече дека не може да се дистанцира од кого било во кампањата.

„Јас не можам да се дистанцирам од никого во кампања. Може и на СДСМ утре ќе им текне да ме поддржат. Куманово од секогаш бил левичарски град, но ги запоставија правата на работниците и тоа им се врати“, рече Димитриевски.

Илиевски, пак рече дека нема да влегува во политички пазарења пред вториот круг. Тој, исто така, посочи дека СДСМ има огромен коалициски капацитет на централно ниво, што ќе биде пренесен на локално ниво во вториот изборен круг.

Кандидатот на СДСМ исто така коментираше за вчерашниот случај за кој Димитриевски извести преку видео на фејсбук. Илиевски рече дека не гледа инцидент во случајот со сопирањето на возилото на неговиот противкандидат.

„Се констатирало дека има затемнети стакла, така што СВР – Куманово биле во право. Ние се боревме токму против селективност, а тој сега бара селективност. Ако возилото е технички е неисправно, СВР треба да постапи. Да снимате такви драми, како да го наследил од Михајловски тоа глумење овие денови. Се гледа како ВМРО-ДПМНЕ и Димитриевски соработувале“, рече Илиевски.

Димитриевски, пак, рече дека не го обвинил МВР за случајот со возилото, туку дека ја обвинил узурпацијата на системот.

„Потрошивме многу време на улица за да го спречиме тоа. А сега во Куманово повулгарно се случува тоа и е недозволиво такво инволвирање на полицијата во изборниот процес и злоупотреба на позиции на многу полициски службеници“, оцени досегашниот кумановски градоначалник.

Коронавирус