петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 133
home Општини

Димитриевски најави реализација на нови проекти

Димитриевски најави реализација на нови проекти

Оваа граѓанска иницијатива која е покрената од Максим Димитриевски ветува многу. Зошто? Во тимот имаме Македонци, Албанци, Срби, Ром – наше сребро на Куманово. Сите овие луѓе се неикомпромитирани, квалитетни, професионалци и редно е на нив да им се даде поддршка од народот. Редно е квалитетот да излезе на површина во оваа наша општина“, порача носителката на листа за советници Ивана Ѓорѓиевска.

Поранешниот заменик министер за образование и наука Петар Атанасов сподели дека кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски го познава повеќе од 8 години и со него секогаш знаеш на што си.

– Бескомпромисен, полн со енергија, другар, борец. Семеен човек и секогаш ќе биде до тебе кога е потребно. Ова што Максо, Ивана и сите вие го направивте овие денови не е мала работа. Оваа политичка енергија што вие ја генерирате ја чувствува цела Македонија. Мислам дека сме сведоци на раѓање на нова политичка сила која овој народ ќе го поведе во подобро утре, во подобро живеење. Во политиката две нешта се најважни – храброста и идеологијата. Кај Максим ги имате и двете, вели Атанасов.

Димитриевски најави дека по победата на 17-ти октомври, на концептот „За наше Куманово“ сите средства кои ќе бидат уплатени и кои следуваат по законот на овој концепт ќе бидат донирани во опрема за против пожарна единица на Куманово.

– Кај што застанавме овие 4 години со 400 проекти, ќе продолжиме да реализираме во идните четири години нови 800тини. Во недела да излезете масовно, достоинствено како што ни прилега на нас кумановци и кумановци. Да дадете поддршка за концептот „За наше Куманово“, за мене како ваш сегашен и иден градоначалник под реден број 80. За наше Куманово одиме кон нови победи! За Куманово, за наша Македонија!, изјави Димитриевски.

Коронавирус