среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Димитриевски: Кумановци секогаш знаеле да се одважат и да бидат пркосни, горд кумановец и социјалдемократ сум кој ниту еднаш не побегнал од идеолошката матрица

Димитриевски: Кумановци секогаш знаеле да се одважат и да бидат пркосни, горд кумановец и социјалдемократ сум кој ниту еднаш не побегнал од идеолошката матрица

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во емисијата „Став“ на локалната ТВ Плус потенцираше дека е горд кумановец, но и горд социјалдемократ кој во ниту еден момент не побегнал од својата идеолошка матрица.

-Првенствено сум горд кумановец, потоа сум горд социјалдемократ, кој во ниту еден момент не побегнал од својата идеолошка матрица и од глобалното определување на кумановци, како слободоумни и слободарски настоени граѓани. Секогаш сме знаеле во историјата да ги препознаеме вистинските моменти, да се одважиме како луѓе, да бидеме пркосни и да кажеме „НЕ“ на било кого, вклучувајќи ги и овие кои се во сопствените редови. Можеби Максим да молчеше ќе беше како легалист и лојалист многу подобро позициониран денеска, со многу помалку лични проблеми и проблеми за опкружувањето свое кое го имам во тимот. Но, сепак немаше да бидам
среќен човек како таков бидејќи ќе морав да ја свиткам кичмата како што ја свиткуваа многупати одредени поединци и да го подгазам сопственото
битие на своите претци и свои кумановчани. Едноставно, Кумановци се горди луѓе и отсекогаш големите промени тргнувале од тука, рече Димитриевски.

Коронавирус