петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Општини

Димитриевски ќе крева споменик на фирмата што ги носи кумановци во Ирак и Авганистан

Димитриевски ќе крева споменик на фирмата што ги носи кумановци во Ирак и Авганистан

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, добил идеја да ѝ подигне споменик на американската компанија „Келог, Браун и Рут“ (КБР) во паркот кај затворениот базен, на 500-годишнината од создавањето на Куманово, затоа што дала најголем придонес за развој на градот и последната деценија.

–Американската компанија КБР има инкасирано во градскиот буџет повеќе од една милијарда евра, како најголем работодавач. Општината нема поголем партнер од таа компанија. Знаете дека има голем број наши сограѓани кои работат за таа компанија и сметам дека во предвечерието на 500 години постоење на Куманово, нашиот град може да излезе со еден добар позитивен гест и да постави спомен-обележје во рамки на едно убаво идејно решение,  изјавил Димитриевски на вчерашната седница на Совет.

Во изминатите петнаесетина година за компанијата КБР работеле над 10.000 кумановци, кои беа распоредени во базите на американската војска во Ирак, Авганистан, Џибути, Кувајт и др.

И самиот Димитриевски во 2008 година бил на работа во американска база во Ирак преку КБР.

Кумановци, кои најчесто работат занаетски работи во американските бази, земаат просечна плата од 2 до 10.000 долари месечно.