среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Димитриевски: Како независен кандидат за градоначалник побарав поддршка од сите граѓани и сите политички партии

Димитриевски: Како независен кандидат за градоначалник побарав поддршка од сите граѓани и сите политички партии

Срамни се обвинувањата на СДСМ Куманово кои се однесуваат на мојата кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори, каде велат дека сум склучил пакт со злото, изјави независниот кандидат за градоначалник за општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој посочи дека како независен кандидат за градоначалник побарал поддршка од сите граѓани и од сите политички партии во нашата земја.

– Очекувам поддршка деновиве да ми даде и мојата политичка партија СДСМ, членовите и симпатизерите од ДОМ, ЛДП, Коалиција на Албанците и Алтернатива, како и сите останати политички субјекти од македонскиот и албанскиот блок. Јас имам само една коалиција, а тоа е коалицијата со граѓаните! Тие на 17-ти октомври се изјаснија кој заслужува да ја добие довербата во Куманово. Изминативе денови сме сведоци на невидени притисоци, злоупотреби, обиди за поткуп и дискредитација на членови од нашата граѓанска иницијатива „За наше Куманово“! Ова е недозволиво, вели Димитриевски.

Тој истакна дека како актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник ќе продолжи да работи за сите граѓани подеднакво, затоа што граѓаните заслужуваат да живеат подобро!

– Благодарен сум на поддршката од секого. Се надевам дека примерот ќе го следат и сите останати. Бидејќи Куманово е град на сите кумановци, додаде Димитриевски.

Коронавирус