петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Општини

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, денеска се сретна со тренери, играчи и родители од Клуб Куманово Милано 2010 на Градскиот стадион.

На средбата, Димитриевски потенцираше дека Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази, почнувајќи во прва фаза со реконструкција трибините, се до негова целосна реконструкција, за полни трибини и нови спортски победи.

– Имаме и план и визија за развој во спотот во наше Куманово. Ја завршивме првата фаза од реконструкцијата на Соколана, по што следува и целосна реконструкција на овој објект, како и партерно уредување на комплексот. Ќе градиме нови и модерни терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште, но и во секоја урбана или месна заедница каде во моментов нема. Предвидуваме голем број на проекти во овој сегмент, по победата на локалните избори ќе продолжиме неуморно да работиме за да го вратиме стариот сјај на Куманово како „Град на спортот, рече Димитриевски.

Коронавирус