петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 119
home Општини

Димитриевски: Ги повикувам противкандидатите на состанок, суштинските проекти од нивните програми ќе ги инкорпорираме во една заедничка програма

Димитриевски: Ги повикувам противкандидатите на состанок, суштинските проекти од нивните програми ќе ги инкорпорираме во една заедничка програма

Наше Куманово ја доби поддршката од граѓаните како натпартиска граѓанска иницијатива. Посочуваат дека од нив тоа одговорност плус за спроведување на ветените политики.

Реизбраниот градоначалник Максим Димитриевски дека ова е обврска плус за нив да покажеме вистински дека наше Куманово ќе продолжи да се развива и да биде позитивен пример за развој на една општина во Македонија.

На координативниот состанок одржан на инцијативата Наше Куманово ги донесовме следниве заклучоци:

-Со оглед на тоа што сме граѓанска иницијатива, за сите нас кумановчани важно е да имаме најдобри идеи и проекти за нашиот град. Како градоначалник ветив дека ќе разговарам со сите кандидати за
градоначалници за да видиме што е најдобро за нашата општина. Секој од нас зборува за соработка, а всушност ние суштинска соработка немавме. А таа соработка може само да биде добра за граѓаните на нашиот град. Ги повикувам сите мои противкандидати во понеделник во 14:00 часот на состанок кадешто ќе разговараме за нашите изборни програми. Ќе побарам суштинските проекти од нивните програми да се инкорпорираат во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги реализираме, вели Максим Димитриевски.

Посочува дека граѓанскиот интерес мора да биде пред партискиот или личниот интерес.

-Концептот „За наше Куманово“ излегува од граѓаните и ќе работи исклучиво за граѓаните на нашиот град. Кумановчани мора да ги имаат квалитетни решенија, не смееме да ги разочараме, а знам дека моите противкандидати го имаат истиот став како мене. Како втор заклучок од состанокот е името на новиот и идниот претседател на Советот на општина Куманово. Сакам да порачам дека ова не е време за поделби, ова е време за обединување, а не за политички натпревар и собирање на политички поени. Заклучивме дека ќе го доставиме следниот предлог до сите, носителката на листа на концептот „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска биде кандидатот за следен претседател на Совет на општина Куманово. Ќе побараме поддршка од сите советнички групи и сите претставници во Советот. Сметам дека треба да се обединиме позади едно име кое доаѓа од еден граѓански концепт, којшто нема да биде во функција на политиката,
туку единствено ќе биде во функција на граѓаните. Ајде да покажеме дека Куманово ни е поважно од партиите, да покажеме дека Куманово на сите ни е на прво место. Да покажеме дека Кумановци секогаш посакувале да имаат општина која ќе биде растеретена од политички превирања и политички влијанија. Да покажеме дека Кумановци можат заедно да работат за својот град и во втор план да ги стават партиските интереси, изјавува Димитриевски.

Коронавирус