среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 25
home Општини

Девет лица од Кавадарци не го почитувале полицискиот час, ќе бидат строго казнети

Девет лица од Кавадарци не го почитувале полицискиот час, ќе бидат строго казнети

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за издавање казнени налози за девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тие во одделни кривично правни настани се движеле низ Кавадарци, иако во сила бил полицискиот час воведен со Одлука на Владата на Република Македонија.

За четворица од обвинетите, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, му предложи на Основниот суд Кавадарци да им изрече парични казни во висина по 40 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра , а за двајца обвинети по 60 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Локални избори 2021