вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 228
home Општини

Десетмина обвинети за прекршување на полицискиот час во Радовиш​

Десетмина обвинети за прекршување на полицискиот час во Радовиш​

Oсновното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнени налози против десет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Воедно, обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од 5 евра во денарска противвредност.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот.

Локални избори 2021