четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 87
home Општини

Денови на гравот во Теарце

Денови на гравот во Теарце

Преку 100 килограми грав и 100 килограми домашна алва ќе се подготвуваат денеска во селото Теарце на манифестацијата 9. Денови на гравот.

Со свои вештини ќе се претстават жители,  училишта, културно-уметнички друштва, Најмалиот етнолошки музеј, а ќе биде поставена и изложба на слики. Предвидена е и дебата на тема „Младински перспективи за локален развој“.

– Оваа манифестација е заедничка на сите што живеат во Теарце  и околината, на сите три националности. На тоа ставаме посебен акцент  зашто се што се случува во оваа држава, главно промовира поделба и игнорирање на културата на другиот. Многу е лесно да се наоѓат различности, но ќе имаме едно поиздржливо општество ако се научиме да ги најдеме сличностите и да ги промовираме, вели претседателот на Центарот за едукација и развој (ЦЕД) Метин Муареми.

Тој укажува и дека во руралните средини не се реализираат речиси никакви културни настани.

Деновите на гравот ги организира (ЦЕД) до поддршка на фондацијата Фридрих Еберт, Центарот за современи уметности, SWG Мрежата финансирана од ЕУ, USAID и Министерство за култура.

(Миа)

Коронавирус