сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 82
home Општини

Денови до референдум се бројат, списоци за вработување се кројат: Општина Кисела Вода ќе потроши 300 илјади евра за нови вработувања

Денови до референдум се бројат, списоци за вработување се кројат: Општина Кисела Вода ќе потроши 300 илјади евра за нови вработувања

Нема крај на масовните вработувања во државната и општинската администрација во ек на реферндумска кампања.

На страната на системот за Јавни набавки има објавено оглас  во кој под назив на договорениот орган стои Општина Кисела Вода и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои ангажирање на агенција за обезбедување на услуги за привремени вработувања. Договорот е со вредност од 18 милиони денари или околу 300 илјади евра.

Меѓународната заедница редовно ја критикува земјава за прекубројната администрација и за привремените вработувања кои овозможуваат влез во државната служба без конкурс. Oвие вработувања по неколку месеци, се трансформираат во договори на неопределено време.

Разликата меѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување  согласност треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како што е интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.

Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку.

Упатените велат дека меѓу бројните проблеми со кои се соочуваат општините во Македонија се и партиските вработувања кои непотребно ги зголемуваат локалните администрации и натежнуваат врз општинските буџети.

Локални избори 2021