среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 180
home Општини

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Дел од корисниците на ул. „Капиштец“ во општина Центар утре ќе немаат струја од 8 до 16 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“.

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од 9 до 16 часот утре без електрична енергија ќе бидат и корисниците од ул. „Фрањо Клуз“ бр. 2 и бр. 4 во општина Аеродром, а од 11 до 15 часот корисниците од дел од село Бардовци околу училиштето во општина Карпош.

Од 8.30 до 15 часот утре струја ќе немаат ни корисниците од село Долна и Горна Матка и селата Гулмово и Шишево во општина Сарај, а од 7:20 до 8 часот и корисниците од месноста Бела Земја во селата Кадино и Марино во општина Илинден.

Коронавирус