недела, 27. септември 2020. Вести денес: 101
home Општини

Делчево рекордер по бројот на новозаболени до Ковид-19 на крајниот Исток

Делчево рекордер по бројот на новозаболени до Ковид-19 на крајниот Исток

Со вкупно 13 нови позитивни случаи, Делчево денеска е рекордер по бројот на новозаболени од Ковид-19 на Истокот. Од здравствениот дом во Делчево информираа дека случаите се заеднички со М.Каменица, каде денеска двајца од вкупно тринаесетте регистрирани се позитивни на коронавирус.

-За жал и денеска како и вчера сме меѓу градовите со најмногу новозаболени. Тестирањата за кои резултатите ќе се знаат во наредните денови продолжуваат и понатаму. На новозаболените им посакуваме побрзо оздравување, истакнаа од делчевскиот здравствен дом.
Воедно како што додадо тројца од пациентите кои претходно се водеа како позитивни, денеска се регистрирани за оздравени.
Најмногу оздравени денеска има во Берово, вкупно 6 од претходно заболените од Ковид-19. Во оваа малешевска општина денеска има само еден новозаболен од коронавирус, додека во соседно Пехчево присуство на вирусот е регистриран кај 3 лица. Во целиот регион бројката на заболени изнесува 154 лица. (МИА)

Коронавирус