вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 131
home Општини

Делчево лидер на Истокот по бројот на новозаболени со коронавирус

Делчево лидер на Истокот по бројот на новозаболени со коронавирус

Со седум нови случаи, Делчево е лидер по бројот на новозаболени од Ковид-19 во источниот дел на земјата. Случаите како што информираат надлежните од делчевскиот здравствен дом се резултат на зголемениот број тестирања, меѓу кои има и пациенти со негативни резултати.

– Се поголемиот број на случаи на новозаболени резултираше со тестирања на оние кои имале контакти со веќе заразените, од кои денес имаме нови 7 позитивни. Радува тоа што имаме и четири оздравени пациенти. И во двата случаи станува збор за заедничка бројка кои ја сочинуваат заболени граѓани од општините Делчево и Македонска Каменица, информираа надлежните.

Во општините од опкружувањето, денеска е регистиран мал пораст на бројот на новозаболени и во Малешевијата.

– Имаме три новозаболени во Берово и два случаи во Пехчево. Повеќето од случаите се асимптоматски. Засега ситуацијата е под контрола и не се очекува зголемување на бројот на заболени, истакнаа од здравствените установи од двете општини.

Во Малешевијата денеска има и петмина оздравени, од кои тројца во Берово и двајца во Пехчево. Вкупниот број на активни случаи со Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион изнесува 136 лица.

Коронавирус