четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Дел од жителите на Македонска Каменица без вода за пиење

Дел од жителите на Македонска Каменица без вода за пиење

Дефект на главната водоводната линија во Македонска Каменица денеска предизвика прекин во водоснабдувањето на жителите од колективните станбени згради во централното градско подрачје.

Како што информираа од јавното претпријатие „Камена Река“ по отстранувањето на дефектот водоводната линија повторно ќе биде ставена во функција со што жителите од споменатите места повторно ќе можат да ја користат водата за пиење.

– Ги известуваме сите корисници на водоводната линија, дека денеска после 12:30 часот, поради непланиран дефект на главната водоводна линија на излезот од градскиот базен за водоснабдување, вода за пиење нема да имаат жителите кои што живеат во повисоките делови или спратови во колективните згради низ општина Македонска Каменица. Водата ќе биде пуштена во употреба веднаш по одстранувањето на дефектот, информираат од ЈП „Камена Река“.