недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Општини

Дел од општина Кичево без вода за пиење

Дел од општина Кичево без вода за пиење

Селата Зајас, Теќе, Зајас Џума, Колибари и Бачишта во општина Кичево немаат вода за пиење поради дефект на главната водоводна цевка.

Од јавното комунално претпријатие „Комуналец“ информираат дека екипи работат на отстранување на дефектот.

Се очекува до утре во попладневните часови дефектот да биде саниран и ситуацијата да се стабилизира. (МИА)