вторник, 21. август 2018. Вести денес: 122
home Општини

Дел од Кавадарци без вода за пиење до 15 часот поради два дефекта

Дел од Кавадарци без вода за пиење до 15 часот поради два дефекта

Дел од Кавадарци ќе остане без вода за пиење до 15 часот поради два дефекта во водоводната мрежа, информира Пандорка Димитриева, референт за односи со јавноста при Јавното претпријатие “Комуналец”.

– Без вода ќе бидат жителите од улиците “Љубашка”, “Народна младина”, “Словенска”, “Игман”, “Солунска глава” и неколку помали улуци. Ги молиме корисниците на вода за пиење за разбирање, вели Димитриева.

Екипи на претпријатието се на терен и интензивно работат на надминување на проблемот и нормализирање на водоснабдувањето во тој дел на градот.